Нови обвинувања од Иран

Врховниот лидер на Иран Ајатолах Ал Каменеи повторно ги обвини западните земји за создавање на политичката криза во земјата, која настана по минатомесечните претседателски избори. Во разговори со врвни ирански државни службеници Каменеи рече дека тврдењата на западните земји дека не се мешаат во внатрешните работи на Иран се „нечесни“. Каменеи испрати апел до иранските политичари да не подпаѓаат под влијание на непријателите на земјата.