Американскиот државен секретар Хилари Клинтон се надева дека ќе потпише договор со индиските власти денеска со што ќе се отвори можноста САД да продава софистицирани оружја на индиските вооружени сили. Договорот попознат како „краен мониторинг“ им дозволува на Соединетите Американски Држави да проверуваат како Индија го користи откупеното оружје, со цел да се спречи воена шпијунажа. Пред официјалните средби со индијскиот Премиер Манмохан Синг, Клинтон одржа говор пред студенти на универзитетот во Делхи. Во говорот американскиот Државен секретар посочи дека САД се подготвени да ја подржат глобалната војна против тероризмот и екстремизмот. „Се` што може да се направи за подршка на борбата против тероризмот и екстремизмот било каде е дел од мојата мисија и дел од мисијата на мојата земја“ рече Клинтон. По официјаната средба со Премиерот на Индија, Клинтон ќе се сретне и со Сониа Гандхи, претседател на владеачката Конгрес партија и со лидерот на опозициската партија Баратија Јаната.