Барање за ослободување на уапсените иранци

Поранешниот Претседател на Иран Али Акбар Хашеми Рафсанјани побара ослободување на стотици иранци кои биле уапсени за време на протестите кои настанаа минатиот месец по претседателските избори во земјата. Рафсанјани изјави дека многумина се сомневале во изборните резултати согласно кои Махмуд Ахмадинеџад добил мнозинство гласови.