Неделен печат – „Патриотите ќе ја укинат Македонија“

Неделен печат

Неделникот ,,Глобус,, во најновиот број објавува опширна статија со наслов:,,Патриотите ќе ја укинат Македонија,,. Насловот всушност е цитат од искажувањето на Пауновски, министер за одбрана во владата на Љупчо Георгиевски во време на воениот конфликт во 2001-та, којшто за неделникот отворено говори за случувањата и односите во државно-владиниот врв за време на воената криза пред осум години и притисоците коишто ги трпел од двоецот Георгиевски-Димовска да ја остварат , наводно,нивната цел- укинување на Македонија и Македонците. Пауновски во разговорто за ,,Глобус,, тврди дека токму поради неговите ставови за можните решенија за излез од оружениот конфликт му бил наместен случајот за злоупотреба на службената должност и овластувања и оштетување на Република Македонија за три ипол милиони марки. Во разговорот за ,,Глобус,, Пауновски тврди дека на еден од многубројните вечерни состаноци на државно-владиниот врв, за време на кризата, по заминувањето на другите, од страна на двајца останати на состанокот, (не наведувајќи ги нивните имиња) отворено му било кажано дека,, мора да се раздвоиме со Албанците и дури на географска карта ми беа покажани териториите коишто треба да им ги дадеме-кај Дебарско и Гостиварско-Тетовско,, а остатокот, вели Пауновски за ,,Глобус,,да го носиме кај нашите во Бугарија,,. Пауновски уште тврди дека и денес таквата патриотско-демагошката храброст, како што вели, има иста цел: ,,патриотско укинување на Македонија и Македонците, и оти само методите и тактиката се променети.,,Центарот на ова сценарио е ист, тврди Пауновски за ,,Глобус,, но при ова не треба да се меша бугарската држава и некои македонски граѓани на одредени позиции кои ,,патриотски,, се манипулирани. За ова се одговорни оние кои и тогаш и денес немаат храброст лично да се декларираат и политички да ја остваруваат својата национална определеност за која не е спорно тоа што не им е македонска, туку поради тоа што линчуваат луѓе, ги пренесува неделникот зборовите на Пауновски, некогашен министер и член на високите партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ.

Оценувајќи дека случајот Пауновски, кој бара повторување на неговото судење со образложение дека судот не ги зел предвид доказите и наводите на одбраната, е интересен за третирање, неделникот ,,Фокус,, го објавува писмото од неговата сопруга до него, по повод 10-годишнината од нивниот заеднички живот. Во писмото таа пишува за голготата низ којашто поминувало семејството Пауновски во текот на судскиот процесс, но и за политичките непријатности кои што ги трпело: следења, прислушувања на нивниот дом, закани со ликвидирање, божем добронамерни посети на чуварите на тогашниот премиер, коишто како случајно го оставале пиштолот на масата додека пиеле кафе. Во писмото коешто го пренесува ,,Фокус,, сопругата на Пауновски го потсетува на една непријатна вечера кај тогашниот премиер Георгиевски, во 2001-та, на која биле некои негови најблиски луѓе и поглаварот на МПЦ, Г.Г.Стефан. Тогаш, го цитира ,,Фокус,, писмото, некој таму беше во улога на печено прасе со јаболко во уста. Се надевам, му рекла потоа на сопругот, дека не сме ние. Но, бевме, пишува во писмото до Пауновски неговата сопруга, коешто го објавува неделникот ,,Фокус,, во најновиот број.