Укинувањето на визите, придобивка за транспортните компании

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески смета дека укинувањето на визниот режим од 1 јануари идната година ќе создаде огромни придобивки за македонските транспортни компании кои оперираат во транспортот на стоки во меѓународниот патен сообраќај.
- Не само што професионалните возачи веќе нема да чекаат одобрување на визата, туку и пристапот на европскиот пазар за транспортните компании ќе биде олеснет, истовремено заштедувајќи го и времето и трошоците кои претходно се испречуваа при процесот за обезбедување на сите неопходни документи за виза, рече министерот Јанакиески на заедничката прес-конференција со Билјана Муратовска од МАКАМТРАНС.