Шефот на Иранската Агенција за атомска енергија Гхолам Реза Акхазадех поднел оставка, јави новинската агенција ИСНА. Иранската агенција не пренесува детали околу причините за оставката. Акхазадех беше назначен за шеф на Агенцијата од страна на пораншниот претседател Мохамад Катами.