Хавел и Валенса- САД да не се откажуваат од ракетниот штит

Неколку бивши претседатели, премиери и министри од пост комунистичките земји упатија јавен апел до американскиот претседател Барак Обама да не ги обновува односите со Русија на сметка на Средна Европа. Од Обама некогашните дисиденти како поранешните претседатели на Чешка и Полска Вацлав Хавел и Лех Валенса побара да не се откажува од разместувањето на ракетниот штит бидејки, според нив, на тој проект лежи американскиот кредибилитет меѓу пост комунистичките земји членки на Европската Унија.