Американските федерални резерви предвидуваат дека економијата на земјата, годинава, ќе се намали помалку од очекуваното, но дека невработеноста ќе надмине 10 отсто. Тие предвидуваат дека економијата ќе падне меѓу 1 и 1.5 отсто, наспроти нивната претходна прогноза од мај, кога се очекуваше пад од 1.3 до 2 отсто. За 2010 Федералните резерви очекуваат раст на американската економија од 2.1 до 3.3 отсто.