Резултатите од државната матура подобри од лани

Ученици

Повеќе од илјада средношколци не положиле државна матура. Сепак, надлежните велат дека бројките се подобри од лани. Матурантите пак со низа забелешки за процесот
Колку единици толку петки а најбројни се тројките – ова се оценките од матурските испити. Повеќе од 1000 ученици не положиле матура , 800 деца од пријавените не ни дошле да полагаат во јуни. Средношколците се незадоволни, велат дека оценувањето било
Значи, подобрувањето го гледаме во тоа што процентот на ученици кои не положиле државна матура се намалил, а онаму каде што има оценки на средина на скалата процентот е зголемен, значи има подобрување од спроведувањето на државната матура
многу строго.Приговорите ќе ги чини родителите 1400 денари.Некои незадоволни ученици нема да ги поднесат затоа што се плашат дека тоа нема да им промени ништо.

„Имам 92 поени, тој има 93,5 и има четворка. Приговор би поднела само од лична сатисфакција и така не ми треба оценката.“
„Би платиле, но знаеме дека оценката нема да се поправи, џабе е.“
„И да ми ја поправи, зошто да платам ако сум заслужила оценка?“

Матурантите се жалат и на други проблеми.

„Мислам дека треба да се поднесе тужба против Министерството или јавно да се каже што се случуваше. Се дозна дека некои ученици ги имаат тестовите и ги продавале за 35 евра.“
„Искрено, не сфаќам што се поени, а што оценка, како да ја оправдам четворкава?“
„Не е фер, ние што сме имале петки цела година ќе имаме двојка на крај, а некој што оди на полагање ќе има петка.“

Од Министертвото за образование се задоволни со резултатите. Велат дека оваа година оценките генерално се подобри од минатата.

„Значи, подобрувањето го гледаме во тоа што процентот на ученици кои не положиле државна матура се намалил, а онаму каде што има оценки на средина на скалата процентот е зголемен, значи има подобрување од спроведувањето на државната матура,“

вели Весна Хорватовиќ од бирото за развој на образование.
За информациите што се појавија дека некои ученици продавале тестови пред полагање на матурата Хорватовиќ вели дека се невистинити.

„Јас одговорно тврдам дека станува збор за шпекулација и дека не станува збор за пробивање на тестовите, а тоа го потврдуваат и самите резултати.“

Учениците имаат шанса во наредниве два дена да поднесат приговори и во рок од 10 тие ќе бидат разгледани.Парите ќе им бидат вратени само за оние приговори кои ќе се утврди дека се оправдани и ќе предизвикаат промена на оценката.