Петмина убиени во Ирак

Ирачките власти соопштија дека петмина загинале денеска во неколку напади во земјата. Во Багдад биле застрелани двајца полицајци кои биле на патрола во центарот на главниот град. Во инцидентот загинал и еден од напаѓачите. Во градот Мосул во северниот дел на земјата еден полицаец загинал а тројца се повредени во експлозија на бомба поставена покрај пат. Во друг инцидент, исто така во Мосул, вооружени напаѓачи убиле цивил. Северно од Багдад внук на полицаец бил кинднапиран и убиен.