Лидерите на 4 земји членки на Европската Унија, Романија, Бугарија, Унгарија и Австрија, денеска во Анкара потпишаа договор со Турција за изградба на гасоводот Набуко, преку кој ќе се транспортира природен гас од Каспискиот и Централно-азискиот регион за Европа. Гасоводот во должина од 3.300 километри треба да стане функционален во 2014-та година, а проектот е вреден околу 8 милјарди евра. На церемонијата присуствуваа и претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо, ирачкиот премиер Нури Ал Малики и американскиот пратеник Ричард Морнингстар, кој истакна дека нема ништо против и Русија да се вклучи во проектот, но не и Иран, се додека не ги подобри односите со Западот.