Притворени двајца блогери во Азербејџан

Организацијата Репортери без Граници соопшти дека властите во Азербејџан притвориле двајца блогери кои се соочуваат со обвиненија за хулиганизам. Во соопштението на Репортери без Граници се додава дека двајцата „добро познати“ блогери биле упасени во интернет кафе во Баку на осми овој месец и најверојатно биле повредени при апсењето. Групата смета дека обвинениата против двајцата притворени се „несоодветни“ и „типични“ за противници на Владата.