Вечерва во Охрид почнува 49-тото издание на фестивалот „Охридско Лето“ со концерт на светски познатиот композитор на филмска музика Енио Мориконе. Организаторот најавува богата програма и звучни имиња
"Беше еднаш во Македонија", музички спектакл на најпознатиот и најплоден автор на филмска музика на денешницата, италијанскиот композитор Енио Мориконе, на отворањето на 49-тото издание на најголемата културна манифестација кај нас Охридско Лето. Музиката од легендарните филмови "Беше еднаш во Америка" и "...На дивиот запад" и "Недопирливите", предизвика огромен интерес од 2,5 илјадна публика во Античкиот театар за концертот под диригентската палка на славниот Мориконе во изведба на 200 уметници, музичари од Унгарскиот филхармониски оркестар, со сопранистката Сузана Ригачи и хорот на Македонската опера и балет.
„Зошто Енио Мориконе,има многу причини...Значи еден оскаровец, композитор на филмска музика, што го освои целиот свет. Минатата година беше прогласен за проект во светски рамки, кого годинава го имаме на нашиот антички театар. Секако дека неговата препознатлива музика побуди голем интерес, импозантната глетка на Античкиот театар, плус направената трибина и интересот од опкружувањето, е полн погодок за отворањето на годинашното "Охридско Лето"“
вели Тони Симоновски, директор на фестивалот, кој до 20-ти август ќе донесе 50-тина изведби во класичната музика, театарот и оф програмата.
„И ова фестивалско издание, како впрочем и останатите, во сите свои 40 денови има квалитетна програма. Така во музичкиот дел ќе ги имаме пијанистите Борис Беризовски и светската надеж Тео Георгиу, виолончелистката Моника Лесковар, затворањето со лаутистот Един Карамазов и Европскиот камерен оркестар, потоа Роберт Вилсон, Хариспашовиќ, Егон Савин и други режисери во театарскиот дел, можам да кажам дека Охридско лето има богата програма.“
потенцира Симоновски. Како пак публиката ја оценува програмата на ова Охридско лето.
„Очекувам да има публика и после 12-ти, кога се знае дека ја има, а ќе ми фали вечерта на отворањето филм,тоа сигурно. Очекував од програмата да нема толку дебитанти оваа година, сепак е тоа 50 годишен, сериозен фестивал. Еден ваков фестивал значи средишна точка во која инвестирале толку генерации, тој значи препознавање, квалитет и бренд, кој што под никој услов не смее да се девалвира самиот себеси“
вели Енис Хилми, редовен проследувач на фестивалот, кој во оф програмата ќе го има светскиот џез гитарист Џорџ Бенсон, а меѓу изложбите се авторите Славко Упевче, Сергеј Андреевски и други.