Крпен живот

Скопје

Поевтина струја за социјално загрозените групи, станови на исплата од 40 години , зголемена парична помош за ранливите општествени групи, вработување за хендикепираните. Иако, овие реформи во социјалната политика се ветувааат ,со години, се уште, не заживееја докрај. Социолозите сметаат дека е невозможно целосно да се решат овие проблеми, но е неопходно да се ублажат последиците од сиромаштијата. Тука се наметнува прашањето - Колку општеството, навистина, прави за олеснување на животот на социјално загрозените групи? Многу од луѓето што останале без работа по 40-тата година, сега, се оставени на социјална помош, која, како што велат, е многу мала. Се жалат дека со тие пари не можат да ги задоволат основните потреби, ниту да платат школување на
Се констатираат одредени слабост, во два правца. Едниот е констатирање состојби кај самите граѓани. Но, има и злоупотреба кај некои колеги наши кои ги поддржуваат
своите деца.

„Јас и жената одиме како аргати работиме по 500 денари, ќе земеме две вреќи брашно и ќе поминеме месец дена. Тоа е тоа, од месец на месец.“
„Откако земам социјална помош струја не сум платил, немам од што, дали деца да школувам, дали леб да платам или струја?“

Луѓето се жалат на неправилности во работата на социјалните инспектори. Велат дека има луѓе што работат „на црно“, а се пријавуваат како невработени и земаат социјална помош. На некои невработени, пак, им ја одземаат социјална помош само зашто имаат свој дом, велат засегнатите.

„Син ми со две дечиња е невработен му укинаа социјална помош. Дојдоа дома, рекоа, ти имаш. Што има? Има ѕидана куќа, што сме ја правеле јас и мажот ми, во една соба со две дечиња.“

Скопје
Во Министертвото за труд и социјална политика велат дека социјалната помош често се злоупотребува. Државниот секретар во Министерството Душко Миновски вели дека од владата имаат задолженија да прават по околу 700 увиди месечно и дека дел од неправилностите се регистрирани.

„Се констатираат одредени слабост, во два правца. Едниот е констатирање состојби кај самите граѓани. Но, има и злоупотреба кај некои колеги наши кои ги поддржуваат.“

Снежана Сурлова е мајка на 24 годишно момче со посебни потреби. Со своето искуство укажува на еден вид на злоупотреба на хендикепираните луѓе. Нејзиниот син Ѓорѓи Сурлов бил отпуштен од работа зашто не сакал повеќе да му ја враќа платата на сопственикот на заштитната работилница, каде што работел три години.
Лицата со хендикеп се оние кои прифаќаат да работат со работодавачот, а не се појавуваат на работа. Работодавачот ги залоупотребува од аспект на заштита при работа, работат повеќе од предвиденото и парично. Вреднувањето на трудот е на ниско ниво и тоа е општ проблем


„Го избркаа, а му нема платено ни денар од платата.“

Заштитните работилници добиват од 20 до 30 просечни плати, ако вработат луѓе со хендикеп. За прилагодување на просториите и за набавка на опрема за потребите на хендикепираните луѓе, тие фирми може да добијат од 30 до 50 просечни плати. Надоместокот за пензиско и инвалидско осигурување за сите вработени го покрива државата. Според законот, тие се ослободени од плаќање данок на добивка. Заштитното друштво се формира ако 40 отсто од вработените луѓе се со посебни потреби.
Претседателката на синдикатот „Еднакви можности“ Елена Кочоска вели дека злоупотребите се прават од двете страни.

„Лицата со хендикеп се оние кои прифаќаат да работат со работодавачот, а не се појавуваат на работа. Работодавачот ги залоупотребува од аспект на заштита при работа, работат повеќе од предвиденото и парично. Вреднувањето на трудот е на ниско ниво и тоа е општ проблем.“

Државниот секретар Миновски се согласува дека овие бенефиции што им се нудат на фирмите за вработување на луѓе со посебни потреби се злоупотребуваат.

„Имаме друштва кои се ок, и ја работат својата работа, но евидентно е дека имаме прекршување на правата на работниците. Има четири илјади такви организации, и се одвојуваат сериозни пари за нив, па треба да ги интегрираат овие лица со посебни потреби.“

Високите сметки за струја се уште еден проблем со кој се соочуват социјално загрозените луѓе. Поевтината струја за сиромашните ја ветуваа и владеачката партија и опозицијата додека беа на власт. 40тина семејства од скопската населба Љубош 20 години не платиле сметки за струја. Тие тврдеа дека државата ги третирала како социјални случаи и затоа не добивале сметки за струја. Но неодамна ЕВН им ја исклучи електичната енергија.

„Бевме ослободени барем од државата за струја, 19-20 години.“
„Што значи ова? Повеќе не може ниту леб да јадеме? Еве го чекот, две илјади денари, а дали може да платиме 60 илјади?“

Проблемот е што до сега неплаќањето на овие социјално ранливи групи биле толерирани од државната фирма ЕСМ. Од австриската ЕВН велат дека исклучувањето на целата струјна линија во едно село е крајна мерка што ја користат за наплата на повеќе годишни долгови. Претходно им нудат опција на должниците да го платат заостанатиот долг на рати, се бара решение, а дури потоа се оди кон мерката исклучување на струјата, објаснува портпаролката на ЕВН Ленче Карпузовска. Сега Евн има акција со која им се нуди до 31 август на сите потрошувачи заостанатите долгови да ги платат на рати.

„Социјалните грижи за граѓаните ги имаат државните институции. Значи не може ЕВН да оценува како компанија кој е социјален случај. Тоа мора да оди преку државните институции.“
Социјалните грижи за граѓаните ги имаат државните институции. Значи не може ЕВН да оценува како компанија кој е социјален случај. Тоа мора да оди преку државните институции


Од министертвото за труд и социјална политика објаснуваат дека пролонгирањето на оваа иницијатива е затоа што досега не бил донесен закон за социјална заштита според европски стандарди. Овој закон веќе неколку години се врти во собранието на измени и дополнувања. Пред неполн месец е донесен и веќе е стапен во сила. Со овој законски предуслов државниот секретар од министерство за труд и социјална политика смета дека владата сега може на некои наредни седници да ја разгледа опцијата за субвенционирање на електрична енергија за социјално загрозените луѓе.
Домувањето на социјално ранливите групи е уште еден проблем за кој долго време владеачките партии се обидуваат да го решат. Пред две години започна изградбата на згради наменети за ранливите социјални групи. 28 годишниот Трајче Мишевски 15 години од својата младост ја поминал во дом за деца без родители. По напуштање на домот се снаоѓал како можел и умеел.

„Живеев под кирија, по подруми, за 50 евра, по подруми во Скопје.“

Тој додава дека добивањето на таканаречениот социјален стан му го олеснил животот.Во рамките на овој проект досега се изградени 3 згради а во тек е изградба на уште 12. Вкупно треба да се изградат 37 згради со повеќе од 1700 станови во 19 градови во Македонија . Целиот проект чини 50тина милиони евра.. Европската инвестициона банка и даде речиси половина од износот на заем на македонската Влада за да го реализира проектот домување на социјално ранливи групи. Становите се наменети за најзагрозените луѓе, односно младинци без родители, невработени и оние кои користат социјална помош, жители на региони погодени од природни катастрофи, самохрани родители со малолетни деца и останати групи кои припаѓаат на социјално ранливи групи. Изградбата на становите се очекува да заврши за 3 години. Од невладината организација за младинци без родители „ Градиме иднина“ велат дека основен проблем за сите ранливи категории се домувањето, вработувањето и здрвството.

„Соработката со Министерството за труд и социјала многу лошо ни оди. Не сакаат да не слушаат и другите институции, особено здравство,“

вели илија јовановиќ од невладината организација „Градиме иднина“

И ромското население спаѓа во групата на социјално загрозени граѓани. Анализите на невладините организации покажуваат дека Декадата на Ромите е само делумно спроведена. Со планираната програма Македонија се наоѓа на трето место во регионот, но проблемот е во она што е спроведено во пракса од таа програма, велат од невладината „Дром“. Најголем успех според нив ,во спроведувањето на декадата, е забележан во сферата на образованието. Најмалку е направено во областа на урбанизација дивите ромски населби и вработување.

„Да градат посебни политики, дел од социјалните станови да добијат и дел од ромската заедница,“

вели Ахмед Јашаровски од невладината„Дром“.

Стратегијата за вклучување на ромите во социјалниот живот е обврзувачка и до 2015 мора да се спреведат сите планови кои се потпишани. Во извештите од Европската Комисија редовно се спомнува дека мора повеќе да се работи на спроведување во пракса на плановите. Министерот без ресор Неждат Мустафа кој е и национален координатор на Декадата за ромите вели дека во наредите пет години ќе се работи на создавање на нормални услови за живеење на ромите .Вели дека од неговиот кабинет сега изготвуваат проекти кои би биле вметнати во владината програма за користење на пари од европските ИПА фондови.

„Ние сме свесни дека ромскиот народ живее многу тешко. Но, исто така сме свесни дека не може со волшебно стапче да се решат сите проблеми. Но, добро е што постои стратегија, тактика, план и политичка желба и слух за приближување кон ромската проблематика.“

Во Македонија проблемот со маргиализираните социјални групи се изострува, смета социологот Ѓорги Тоновски. Проблемот за него не е да се излезе од стреотипните рамки туку да се работи на намалувањето на сиромаштијата. Прашањето е дали општеството им дава можност на тие затворени групи да се отворат и вклучат во социјализацијата вели социологот Тоновски:

„Мислам дека во моментов сеуште ние имаме и доза на расистички или можеби неадекватен третман, кај голем број припадници на македонското општество кон прашањето и третманот на овие маргинализирани групи.“

Социјалната политика и вработуваењето како област се обработуваат и во извештаите на европската комисија. Во последниот извештај од минатата година беше потенцирано дека дискриминаторските обичаи и стереотипи се многу застапени во македонското општество. Најдискриминирани се ранливите и етничките групи. Во извештајот како проблем е лоциран и недоволната координација на институциите по прашањето на социјализација на ранливите групи.Во извештајот е нагласено дека нема доволно капацитет за спроведување на стратегиите и плановите. За да се подобри сликата за Македонија, од ЕУ предлагаат
да се потикне социјалниот дијалог на локално ниво.Неопходно е да се направи национален план вработување, да се изработи и спроведе план за борба против сиромаштијата и социјалното исклучување како и формирање на национална мрежа со која Македонија ќе се вклучи во Европската мрежа за намалување на сиромаштијата. За да се изедначи нашето законодавство со европското треба да се спреведат законите за еднакви можности на локално ниво, законот за заштита од дискриминација, законот за социјална заштита,и законот за употреба на знаковен јазик.