Во фокусот на последниот ден од самитот на 8 те најразвиени земји во светот во Аквила, Италија се последиците од глобалната економска криза врз Африка. Лидерите на Г – 8 се сретнаа со лидерите од Алжир, Ангола, Египет, Етиопија, Либија, Нигерија, Сенегал и Јужна Африка. На самитот во Аквила се одобрени пакет инвестиции од 20 милијарди долари, 5 милијарди над очекувањата, за следниве три години за подршка на земјоделството, во сиромашните земји. Британскиот Премиер Гордон Браун изјави.
,,Јас, Претседателот Обама и другите лидери се согласивме за програма од 20 милијарди долари. Тоа е за три години, како подршка за производство на храна, за развој на земјоделскиот сектор со цел посиромашните земји да можат да ја развијат способноста да го прехранат населението,.
Некои експерти ја поздравија одлуката на Г – 8 за пресврт од помош во храна во помош за земјоделствата.Жак Диоф е шеф на Организација за храба и земјоделие на Обединетите Нации.
,,Тоа што е ново и охрабрувачко е што за прв пат се смени политиката на тоа што ние постојано го велевме како да се соочиме со проблемот на гладта. Има над милијарда постојано гладни луѓе во светот,,.
Од богатите земји истовремено се побара да ги исполнат ветувањата кои доаѓаат во време на сериозна економска криза. Во врска со кризата за која лидерите на Г – 8 гледаат некои знаци на опоравување американскиот претседатрел Барак Обама изјави.
,,Додека нашите пазари се подобруваат и изгледа дека го одбегнавме глобалниот колапс, ние знаеме дека премногу луѓе и натаму се борат со проблемите. Затоа ние се согласивме дека целосното опоравување е се уште далеку и дека е премногу рано за да се тргнат стимулативните планови. Мора да продолжиме со тие планови со цел силно и одрживо опоравување,,.
Г – 8 исто така се заложи и за избегнување на протекционизмот како начин за борба против глобалната криза. Во врска со Иран лидерите на Г – 8 издадоа заедничка декларација во која се изразува сериозна загриженост за пост изборните насилства. За Русија тоа е внатрешна работа на Иран за чија нуклеарна програма пак се побара од Техеран да соработува со Меѓународната Агенција за атомска енрегија. Упатена е и строга осуда до Северна Кореја за нејзините нуклеарни тестови кои се оценето како флагрантно кршење на резолуциите на Обединетите Нации. Рускиот Претседател Дмитриј Медведев пак на самитот изјави дека американските планови за разместување систем на ракетна одбрана во Средна Европа се закана за билатералниот договор за кратење на нуклеарното оружје. Неговиот коментар доаѓа по објавата на Пентагон дека Соединетите Држави во соработка со Русија се обидуваат да ги надминат разликите околу ова прашање.
Економијата и глобалното затоплување беа на дневен ред и вчера и завчера на самитот на Г – 8 во Италија. По низата разговори и преговори и со земјите со брз развој на крајот беше донесена декларација во која се вели дека - ,, Ние го признаваме научниот поглед дека зголемувањето на просечната температура на пред индустриското ниво не смее да надмине 2 целзиусови степени,, -. Имено ова е одлука на Г – 8 а не и на земјите со забрзан развој 9 те држави членки на МЕФ – големиот економски форум со кои преговорите не успеаа.