Утре се навршуваат 14 години од влегувањето на српските сили во Сребреница во која потоа се случи масакр врз муслиманското население. За геноцидот во Сребреница се обвинети Радован Караџиќ, кој веќе е изведен пред судот во Хаг, како и Ратко Младиќ, кој пак сеуште е во бегство. Во земјите на Европската Унија 11-ти јули е прогласен за ден на сеќавање на жртвите од Сребреница, а препораката на Европскиот парламент така да биде и во земјите од Западен Балкан, досега ја спроведе само Црна Гора.