Денес е третиот и последен ден од самитот на Г – 8 во Аквила – Италија со фокус на последиците од глобалната економска криза во Африка, најсиромашниот континент. Лидерите на 8 те најразвиени земји се среќаваат со лидерите од Алжир, Ангола, Египет, Етиопија, Либија, Нигерија, Сенегал и Јужна Африка. Цел на разговорите е безбедност на храната, развојот и начините како сиромашните земји да се справат со предизвиците на климатските промени и глобалната економска криза. Богатите држави за таа цел, ќе дадат 20 милијарди долари за поддршка на земјоделското производство за да им се помогне на посиромашните луѓе да може да си обезбедат храна во следните три години. Претходните два дена во фокус на самитот во Аквила беше економската криза и глобалното затоплување. По низата разговори и преговори и со земјите со брз развој на крајот беше донесена декларација во која се вели дека - ,, Ние го признаваме научниот поглед дека зголемувањето на просечната температура на пред индустриското ниво не смее да надмине 2 целзиусови степени,, -. Имено ова е одлука само на Г – 8 а не и на земјите со забрзан развој 9 те држави членки на МЕФ – големиот економски форум со кои преговорите не успеаа. Американскиот Претседател Барак Обама затоа ги охрабри земјите надвор од Г-8 да размислуваат дека економскиот развој не мора да е на сметка на природната средина.
Имаме добар почеток, но јас сум првиот што ќе признае дека прогресот по ова прашање не е лесен. Мора да се бориме против цинизмот, да разбереме дека проблемот е важен и дека не е мала задача за 17 – те лидери да ги надминат разликите околу климатските промени.
Претседателот на Франција Никола Саркози вчера со поддршка на Бразил оцени дека нема причина земјите кои најбргу се развиваат да не се присоединат кон групата Г - 8 и повика на итна институционализација на Групата 14, која би ги обединила групата осум индустриски најразвиени земји и земјите со најбрз развој. Во Г – 8 се вклучени Британија, Канада, Франција, Италија, Јапонија, Русија и Соединетите Држави.