Меѓународна комисија за исчезнати лица го утврдила со анализа на ДНК идентитет на 6.186 исчезнати лица за време на падот на Сребреница во јули 1995 година. Комисијата при тестирањето користела примероци на роднини и посмртни останки на есхумираните од масовните гробници.Според проценките, околу 8.100 луѓе исчезнале во јули 1995 година кога силите на босанските Срби ја зазедоа Сребреница.