Завршува Самитот на Г-8

Во Аквила, Италија, денеска завршува самитот на групата седум индустриски најразвиени земји во светот и Русија, Г- 8, на кој се очекува фокусот да биде ставен врз последиците од глобалната економска криза во Африка, најсиромашниот континент. Агенциите јавија дека се очекува на самитот да биде објавен план „вреден“ 15 милијарди долари за поддршка на земјоделското производство за да им се помогне на посиромашните луѓе да може да си обезбедат храна. Претседателот на Франција Никола Саркози вчера со поддршка на Бразил оцени дека нема причина земјите кои најбргу се развиваат да не се присоединат кон групата Г8 и повика на итна институционализација на Групата 14, која би ги обединила групата осум индустриски најразвиени земји и земјите со најбрз развој.