Ирските власти соопштија дека утврдиле нов датум за одржување референдум за Лисабонскиот договор. Премиерот Брајан Ковен изрази увереност дека граѓаните позитивно ќе се изјаснат на референдумот закажан на 2 октомври годинава, поради тоа што државата обезбедила концесии од Европската Унија.