Двајца нови пациенти со симптоми на грипот А(H1N1) се примени во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти Министерството за здравство. Првиот пациент во изминатите десетина дена престојувал во Олипмик Бич во Грција и е примен на Инфективната клиника со симптоми на грип - студ, треска, покачена температура, повраќање и болки по телото. Вториот пациент е роден и живее во Германија и веднаш по пристигнувањето во земјава се јавил на Клиниката поради покачена температура, болка во грлото, повраќање и изнемоштеност. Министерството информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 11 пациенти и оти нивната здравствена состојба е стабилна и покажува подобрување.