Апел за ослободување на иранските анти владини демонстранти

Лидерите на иранската опозиција ги повикаа властите да ги ослободат лицата кои беа затворени за време на протестите по претседателските избори. Повикот го упатија претседателските кандидати Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби, како и поранешниот ирански претседател Мохамед Катами. Иранските власти уапсија стотици активисти реформисти и новинари по ре изборот на Махмуд Ахмадинеџат на изборите оспорени од опозицијата.