Нема лекови без рецепт

Аптека

Граѓаните полека се навикнуваат на новиот правилник според кој аптеките повеќе не издаваат лекови без рецепт. Бирото за лекови врши контроли на аптеките, а казните за непочитувачите се од 25 до 50 илјади евра
Граѓаните полека се навикнуваат да не земаат лекови на своја рака туку првин да се посоветуваа со лекар. Промените започнаа пред неколку месеци откако поригорозно се спроведува законот за лекови , според кој за повеќето од лекарствата се бараат рецепти. Во аптеките освен за фондовските лекови, се бара рецепти и за медикаментите кои пациентите сакаат да си ги купат. Се бара рецепт за
Бирото секој ден континуирано врши контрола во аптеките. Казните за аптекарите кои тоа нема да го прават е од 25 до 50 илјади евра
антибиотик, за лек за астма, срце, а нема исклучоци, ни за хроничните болни. Тие мора да имаат рецепт ако сакаат да купат лек во спротивно нема, затоа што се казнуваат и аптекари ако издадат лек без рецепт. Некои од граѓаните сеуште негодуваат што за секој лек мора да одат до амбуланта, други пак велат дека еднаш засекогаш мора да се стави крај на лошата навика на болните да земаат лекови на своја рака откако сами си ја дијагностицирале болеста.

„Тоа е губење време.“
„Прво на лекар да одиме, да ни каже кои лекови да ги земеме. Голема грешка е народот што сам си зема антибиотици.“
„За кого како, некој го користи лекот постојано и сега треба за секое пакување да бара рецепт.“

Од Бирото за лекови велат дека секој месец вршат контроли низ аптеките во државата, и констатираат дека фармацевтите го почитуваат Законот за лекови.

„Бирото секој ден континуирано врши контрола во аптеките. Казните за аптекарите кои тоа нема да го прават е од 25 до 50 илјади евра,“

вели дирекоторот на Бирото, Илчо Захариев.

Бирото дозволи и извештај од специјалист да важи како рецепт за хроничните болни. Лекарите не се ограничени за бројот на издадени рецепти за лекови кои се за комерцијална продажба и согласно Правилникот за издавање на лекови на лекарски рецепт, можат да препишат терапија до три месеци. Лекарите велат дека откако започна строгата примена на законот кај нив има навалица од пациенти кои доаѓаат само за рецепти.

„Се случува пациентите почесто да доаѓаат за рецепти, отколку на преглед и лечење,“

вели докторот по општа медицина Марија Лозаноска.

Ако се издадаваат лекови без рецепт,аптеките освен парични казни, може и да им се одземе лиценцата за работа, во случај на повторување на делото.