Стотици припадници на мнозинскиот кинески народ Хан маршираа во Урумчи главниот град на кинеската провинција Синџијанг два дена по етничките немири во кои 156 лица загинаа а 800 тини беа ранети. Тие ги кршеле продавниците на муслиманските ујргури. Полицијата употребила солзавец да ги растури протестите. Претходно исто така денеска протестираа најмалку 200 ујгури, претежно жени и тие бараа ослободување на членовите на своите семејства кои кинеските власти ги уапсија пред два дена. Ујгурите, над 8 милиони муслимани, се жалат на верска и политичка дискриминација во 20 милионската кинеска провинција Синџијанг.