Русија и Соединетите држави постигнаа договор за заедничката декларација за нуклеарното разоружување што во Москва треба да ја потпишат претседателите Барак Обама и Дмитри Медведев, јави Интерфакс повикувајќи се на извори во руското министерство за надворешни работи. Белата Куќа вчера ја најави можноста двајцата лидери денеска да постигнат прелиминарен договор за нуклеарното разоружување.