Борисов: очекувам да бидам премиер на Бугарија

Бојко Борисов, лидер на бугарската опозициска десничарска партија која, според првите резултатите, победи на вчерашните парламентарни избори изјави дека очекува да биде нов премиер на Бугарија. Централната изборна комисија соопшти дека Граѓани за европски развој на Бугарија, односно партијата на Борисов кој е градоначалник на Софија, освоила над над 39 насто, а владејачката Социјалистичка партија на премиерот Сергеј Станишев 17,7 проценти од гласовите. Станишев го призна поразот.