Г-дине Руси вашата последна реакција се однесуваше на т.н. случај Маневски, па гледано во една општа слика за државата, што би можело да произлезе од еден ваков случај, кои би можеле да бидат последиците од неговото толерирање?
Она што е за нас најбитно е сознанието дека владеењето на правото е основниот бранител против кршењето на човековите права. Г-динот Маневски со серија случаи тоа го демонстираше, дека е против реформи во судството со тоа што на еден или друг начин се мешаше во правосудни работи, а е дел од извршната власт. Така што, во последново би го нарекол ,,случајче" и плата и пензија, говори дека тој и она малку што го поседуваше како политички кредибилитет го загуби и значи неможе да биде човек кој што би можел да истера реформите во правосудстово, а ако биде поштеден, ќе се испрати една многу лоша порака дека ,,сите се еднакви, ама некои луѓе се поеднакви". И за нас можеби најзначајно беше дека ние бевме тие кои што ја отворивме дебатата за новиот закон за внатрешни работи, според кој беше очигледно дека постои судир внатре во владата, за местото и улогата на полицијата особено на Управата за државна безбедност и контраразузнавање, и концептот кој што постои меѓу групата експерти кои работат на реформите за кривичното право во рамките на Министерството за правда, што го води Маневски. Сметавме дека ако Маневски е поштеден позициите на експертите и неговото министерство ќе бидат, ставени на страна, и би рекол ќе биде заложник на оние кои што го спасиле и во таа битка на многу суштински два спротивставени концепта, поздравени од експертите би бил поразен, а би победил оној според кој МВР, тајната полиција би ги задржале своите ингеренции во врска со истрагите, судењата што е тотално спротивно на реформите во правосудството.
Судството редовно го потенцирате како основна област од која потекнува кршењето на човековите права во земјава. Зошто ништо не се менува иако за реформи слушаме постојано, а и мора да ги направиме?
Многу е слатка таа врска на влијание на политиката со правосудството и мислам дека сите влади досега биле неисрекни во тој поглед, декларирајќи се дека се за независно судство. Сега со оваа влада за жал дојдовме во ситуација реформите такви какви што беа се закочени, правосудсвото е доведено во ситуација на трулење од внатре кое стимулирано пак со интервенциите од дневната политика во разни случаи, во разни моменти, така што немаме правосудство какво што има која било нормална демократска земја.
Кои други сегменти се многу чувствителни кога станува збор за човековите права во земјава, гледам реагирате за состојби во образованието, па по повод изградбата на црква на Плоштадот, во разни области...?
Ние воопшто не сме среќни што во доменот на кршењето на човековите права има толку многу реакции од наша страна, но она што е најтрагично е тоа дека и ние заради недостаток на наши капацитети, а и општеството наполно занемарува еден цел сегмент на т.н. социјални права кои државата ги гарантира во највисокиот акт бидејќи ја определува државата како социјална држава, а ние соочени со низа дневно актуелни настани полека ги забораваме тие прашања со кои многу луѓе во државата се соочуваат и плаќаат висока цена трпејќи ги тие состојби.Еве да речеме ние се изјаснивме по повод Меѓународниот ден на жртвите на тортура, 26 јуни, кои во светот се однесува на лицата со посебни потреби, но дојдовме до сознание дека имаме многу малку информации или воопшто немаме за тоа како оваа категорија лица се справува со еден проблем, како што е тортурата, тоа значи дали се сместени во затворени простории, под кои услови, со чија согласност, условите на нивното сместување, злоупотребите, физички, психички, сексуални, кои што се наведени... Значи се се тоа работи за кои во општествово буквално никој не се грижи.
Власта Ве смета во некоја рака за непријател. Во што е проблемот, таа неможе да слуша критика или Невладиниот сектор е сеуште со тој имиџ на некоја инструментализираност?
Ние секогаш потенцираме едно нешто, нашето сознание е дека сите партии без исклучок кога се во опозиција не оценуваат крајно позитивно. Еве да речеме и ВМРО ДПМНЕ како владеачка партија, додека беа во опозиција печатеа делови од нашиот месечен извештај, го печатеа со партиско лого, и го печатеа во дневните весници. Нам тоа не ни беше мило што не ставаат во тие води, но што да правиме. За нас е многу побитно што во последниве години, случаи на тортура, случаи на крешење на човековите права, по некој заобиколен пат преку Агенции на ОН, преку Комитетот за тортура на Советот на Европа, се вратија во земјата.
Во колкава мера партизираноста во државата ги нарушува човековите права?
Многу, Генерално она за што сме ние, тоа е владеење на правото. Влијанието на политиката врз се што е право е погубно за секоја средина, а партизацијата на администрацијата дава некои негативни ефекти во поглед на луѓето кои што се вработени во администрацијата, во образованието, во здравството итн. Тие стресови на кои тие луѓе се навикнаа, секоја нова гарнитура да менува од портир па до највисоките административни позици, се невидено кршење на човековите права, но уште поголеми се овие каде што политиката влијае во правосудството, начинот на кој што делува полицијата, ставањето на страна она што реков на корпусот социјални права. Неможе да имате добра основа за почитување на човековите права, а ако имате партизација на се и сешто и ако нам тоа ни изгледа вака забавно во јавноста кога гледаме што се не е партизирано. Треба, но малку постои тоа сознание дека треба многу луѓе многу сурово ја плаќаат таа жртва на партизација, во еден таков систем во кој човековите права се маргинализирани.
Па каде се наоѓаме ние во моментов во поглед на почитување на човековите права. Има ли некаков напредок?
За жал одиме на полошо, впрочем таа тенденција на одење наназад можете да ја идентификувате во речеси секоја област инаку немаше да се случи, земји околу нас да бидат членки на НАТО, на ЕУ, а ние да речеме пред десетина години бевме нели прогласувани за лидери во тој процес. Не прошишаа, што значи дека ние или многу споро сме се движеле во тој процес нанапред, или како држава сме се движеле наназад. Јас сум поборник на ова објаснување, дека за жал се движиме наназад. Така што вината е пак во нас, се додека ова општество не најде капацитет да го сврти правецот на движење, нема решение. Работата е уште потрагична што одејќи наназад, покажуваме дека немаме капацитет да се справиме со основни работи, со кои се справува било која држава во светот и индиректно, но сосема јасно покажуваме дека имаме сомнителен капацитет да имаме и одржуваме држава што е поразително сознанија макар и за два милиона луѓе. Затоа народот, кој што секогаш е попаметен, во толку висок процент бара членство во НАТО да речеме, бидејќи НАТО е гарант дека тука нема да се случи нешто лошо, дека државата ќе опстане, потоа членство во ЕУ кое освен некој економски просперитет нуди и некој мониторинг за да не претераме со нашите ,,глупости" бирајќи погрешни политички правци на движење... Сето тоа народот го бара едноставно сомневајќи се во капацитетот на нашите политичари, но и во капацитетот општ наш дури и да имаме држава.