Грција и Бугарија како членки на ЕУ, не го признаваат македонското малцинство. Борбата за образование на мајчин јазик продолжува и меѓу македонското малцинство кое живее во Албанија, која од неодамна е членка на НАТО.
Заштитата на малцинските права во регионот имаат различни аршини. Тие секогаш се проблематизираат кога не се добри меѓудржавните релации, но понекогаш взамените интереси сепак ги премостуваат недоразбирањата. Една соседна земја го негира уставното име, друга не го признава постоењето на македонски народ јазик и идентитет. Трета држава пак одбива да почитува пресуди на судот за човекови права во Стразбур за регистрација на македонска партија.Но од друга страна, некои држави респектирајќи и не негирајќи го постоењето на македонското малцинство, ги обезбедува барем елементараните услови со што на овие луѓе им се дозволува да се образуваат на свој мајчин јазик, но и рамноправно да учествуваат во носењето на одредени одлуки во државата во која живееат. Сепак, континуираното кршење на правото на самоопределување за кој подолг период предупредуваат релевантни меѓународни организации, дел од земјите не ги премисли во намерите да водат дискриминаторската политика кон македонците кои живеет на нивна територија. Со самиот факт дека Грција не признава национално малцинство е потврда за агресивната политика на асимилација и дискриминација кон македонците, оценува Павле Воскуполос од партијата ,,Виножито":
,,Кога зборуваме за македонскиот јазик, за македонскиот идејнитет, за признавање на македонското малицинство, нивните права, апсолутно никаква имплементација на меѓународните стандарди, нема. Срж на оваа политика е целосна асимилација на било која разноликост во Грција."
Состојбата ни малку не е розова ниту во Бугарија каде живееат неколку илјади македониците.
,,Човековите права не постојат, меѓународното право не е во состојба да функционира и да се движат едноставно човековите права на македонците."
Оценува, Јордан Костадинов од партијата Омо Илинден Пирин.
Иако учеството на одржаните избори во Албанија на партијата Македонска алијанса за европска иднина како и избор на Едмонд Темелко за градоначалник на Пустец е голема сатисфакција и охрабрување за македонците од овој дел. Сепак:
,,Немаат право да се образуваат на својот мајчин македонски јазик во чисти етнички села, во градови каде што има наши. Нашите луѓе, македоници, немаат никакви права."
,,Никогаш не сме тргнале по такви екстремизми и никогаш не го бараме остварувањето на човековите права на таков начин, ние сме граѓани на Албанија."
Изјавија Едмонд Темелко од Македонска алијанса за европска иднина и
Ефтим Митревски македонец од Албанија. Според припадниците на македонското малцинство, човековите права на Македонците најмногу се кршат од земји членки на ЕУ и НАТО.
Кога зборуваме за македонскиот јазик, за македонскиот идејнитет, за признавање на македонското малицинство, нивните права, апсолутно никаква имплементација на меѓународните стандарди, нема. Срж на оваа политика е целосна асимилација на било која разноликост во Грција