Потпретседателот на САД Џо Бајден во Багдад

Американскиот потпретседател Џо Бајден се среќава со американските воени команданти и дипломати во Ирак за време на неговата прва официјална посета на Багдад. Бајден кој пристигна вчера ќе се состане и со Претседателот Џалал Талабани и премиерот Нури Ал Малиќи.