Експлозија во Атина, нема повредени

Силна експлозија се случила Атина во близина на зграда на грчката даночна служба. Половина час пред експлозијата непознато лице предупредило за бомбата. Експлозијата причинила сериозни материјални штети врз неколку продавници и паркирани автомобили. Нема информации за повредени. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.