Невремето ја пролонгира жетвата

Неповолните временски услови ја пролонгираа жетвата на житните култури во кумановскиот регион. Освен овие маки, земјоделците очекуваат дека ќе се соочат и со стандардните проблеми, пласманот и откупната цена.
Неповолните временски услови го пролонгираа почетокот на годинашнава жетва на житните култури во кумановскиот регион, велат од Здружението на земјоделските производители. Иако сеуште не соберена житната реколта кумановските земјоделци нема да куртулат од старо-новите маки, поврзани со пласманот и откупната цена.

,,Имавме проблем со откупната цена на пченицата, јачменот и на отанатите култури,меѓутоа земјоделците преку Федерацијата на
За почеток на жетвата мора уште да се чека.Времето е влажно како и житата.Комбајнерите се подготвени,но во нивите сеуште не може да се влегува. Цената за жетварските услуги изнесува од 4 до 6 илјади денари по хектар, зависно од културата
фармерите се договрија пченицата да се откупува по 10 до 12 денари за килограм, а јачменот по 10 денари за килограм."

Вели Александар Стојановски претседател на Здружението на земјоделците за кумановскиот регион.Тој додава дека цената од 10 денари за килограм некако и може да ги компензира трошоците на земјоделците.

,,Инаку, инвестицијата за единица површина од еден хектар треба да биде од 35 до 40 илјади денари."

Смета Стојановски, што според него доколку еден хектар даде 3 илјади килограми жито кое би се откупувало по 6 денари килограм не би можеле да се покријат трошоците ниту за орање ,а за останатите не може ниту збор да стане.

,,Државата се вади на субвенциите од 6 илјади денари по хектар не можат да покријат ниту една десетина од инвестициите по единица површина.Но,што е –тука е.Житните култури се во добра состојба. Се очекува од два ипол до три ипол тони просечно по хектар јачмен,до три тони пченица."

Вели Стојановски.

,,За почеток на жетвата мора уште да се чека.Времето е влажно како и житата.Комбајнерите се подготвени,но во нивите сеуште не може да се влегува. Цената за жетварските услуги изнесува од 4 до 6 илјади денари по хектар,зависно од културата."

Додава Стојановски.
Во поширокиот кумановски регион за жетва на пченица има околу 13 илјади хектари, јачмен 8 илјади хектари,500 хектари рж,а останатите фуражни култури се на мали површини. Од вкупно околу 40 илјади хектари на кои се застапени житариците,18 илјади хектари се пролетни,а 20 до 23 илјади хектари есенските култури. Иако за откупната цена договорот бил постигнат помеѓу мелничарите и производителите симптоматично е дали тој ќе биде испочитуван,особено што состојбата со увозот на житарици по многу ниски цени и годинава нема да изостане. Земјоделците со право се плашат за своето производство.