Дајцата ирански опозициони претседателски кандидати, Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби не ја признаваат победата на Махмуд Ахмадинеџат и изјавија дека неговиот кабинет ќе биде нелегитимен. Во нивното соопштение се наведува дека на изборите на 12-ти јуни имало масовни нерегуларности. И поранешниот претседател на Иран, Мухамед Катами ги критикуваше изборите и ги осуди властите за масовните апсења.