Ниска откупна цена на вишната

Расцутено дрво - вишна

Бербата на вишната е оддложена поради ниската откупна цена, а производителите на ова овошје бараат средба со владата, односно Министерството за земјоделство. Освен регулирање на откупната цена, тие бараат од владата да им помогне и околу обезбедување на пласман.
Ниската откупна цена на вишната ја одложи бербата на ова овошје кај дел од производителите во Тетовско. Според производителите од А.Д Вардар Брвеница трошоците за заштита и берба на вишната изнесуваат 13 денари а толкава е цената која ја бараат откупувачите за овој производ. Во Брвеница се жалат дека немаат пари да ја платат бербата, па бараат помош од државата.

Хаотична состојба и никој до сега нема дојдено да праша. Ни нудат 12 до 13 денари по килограм за вишна. Тоа е еден срам голем. Владата на Република Македонија ако треба нека дојде да ја земе вишната, да најде пласман и да ја продадеме


,,Хаотична состојба и никој до сега нема дојдено да праша, не зборуваме за цена, туку досега никој не не има прашано што е ситуацијата со вишната. Ни нудат 12 до 13 денари по килограм за вишна. Тоа е еден срам голем. Владата на Република Македонија ако треба нека дојде да ја земе вишната, да најде пласман и да ја продадеме. Располагаме во околу два тона вишна и незнаеме што да правиме."

Во изминативе години според Кузманоски цената на вишната како готов производ достигнувала и до 60 денари за килограм, неа ја откупувале фирми од западноевропските земји. Сега ситуацијата со вишната е катастрофална, а можно е деновиве доколку државата не презеде ништо А.Д Вардар да ги откорне насадите со вишна, вели Драгче Кузманоски.

,,Ние сме продавале другите години 90-95 центи до евро, преработена, но ова година никој не сака да има работа со нас, ниту пак не прашуваат, ниту за цена, ниту за откуп. Министерството за земјоделие, две недели јас лично барам да не прими во врска со оваа хаотична состојба што се случува во Тетово, но никој не не прима."

АД Вардар Брвеница произведува 500 тони вишни годишно односно четвртина од вкупното проиозводство во тетовско. Инаку, според на приликите,тетовскиот регион е поволно поднебје за одгледување на ова овошје. За тоа зборува и фактот што поголе-ми плантажи со вишни има во неколку тетовски села, а не е мала бројката ниту на поединечни прозводители на вишни. Она на што во иднина треба да се посвети поголемо внимание е развојот на производството преку изградба на капацитети за преработка на вишни.