Белорусија сака да ги обнови односите со САД

Белорускиот претседател Алјиксандар Лукашенка денеска изјави дека е време официјален Минск да ги обнови односите со Вашингтон, под услов да се подигнат американските санкции против Белорусија. Претседателот ја даде изјавата по средба со делегација од американскиот Конгрес, прва американска делегација која ја посети Белорусија во изминативе 10 години.