Германскиот Сојузен уставен суд во Карлсруе денеска ќе ја објави пресудата по повод тужбата на неколку партии против прифаќањето на Лисабонскиот договор. Во тужбата се додава дека со стапување во сила на Лисабонскиот договор, Германија веќе нема да биде суверена држава. Аналитичарите велат дека е скоро неможно Уставниот суд целосно да го прифати или пак да го отфрли обвинувањето. Најверојатно, според нив, е некое средно решение. Лисабонскиот договор лани на реферерендум го отфрли Ирска, а во Чешка и Полска и покрај одобрувањето од парламентите, претседателите Вацлав Клаус и Лех Качински одолговлекуваат со потпишувањето на документот.