Едни градат, други уриваат

Куманово

Локалната власт во Куманово работи на разубавување на градот, обновувајќи ги фонтаните, поставувајќи нови клупи и разеленувајќи го градот... Но, дел од кумановци очигледно малку го почитуваат и чуваат изграденото, па многу често во текот на ноќните часови се уриваат новите објекти.
Засадување дрвја,разеленување на површините,поставување клупи и садови за смет на повеќе локации во Куманово, се задачите кои локалната власт си ги постави и настојува колку-толку да ги извршува успешно. Деновиве се поправаат фонтаните и се оплеменуваат водоскоците на сите локации на кои децении наназад постоеле. И додека дел од граѓаните овие позитивни потези ги поздравува и подржува,има и такви,главно меѓу помладата популација кои во ноќните или во раните утрински часови своето беснеење го истураат
Ако се поправаат стари и се градат нови работи.Тоа е многу убаво
токму врз ваквите објекти. Затоа и за кусо време реконструираните фонтани се урнати,клупите се оштетени,садовите за смет исчезнати. И додека се се врти како во маѓепсан круг оние што ги поправаат фонтаните и водоскоците од Јавното прептријатие „Водовод“ велат:

,,Ние ја носевме фонтаната на армирање и сите камчиња ги наредивме. Долу се е циментирано,ја донесовме и ја поставивме со железо за да не можат децата да ја урнат. И кај Соколанскиот парк е правена."

А граѓаните кои имаат потреба од летните горештини да се освежат со вода од фонтаните,или пак да здивнат на клупите, ја подржуваат иницијативата за уредување на градот.Тие сметаат дека локалната власт треба повеќе да се грижи за општинскиот имот, но критички се расположени кон некултурата на нивните сограѓани.
Убаво е, меѓутоа тоа е кумановска „култура“,ништо друго. Ги кршат. Џабе што луѓето прават. Џабе. емаме култура. Вака во Европа не се оди


,,Ако се поправаат стари и се градат нови работи.Тоа е многу убаво.И за кумановци и за туристите и посетителите на Куманово.Тоа е многу убава работа."

,,Добро е.Баш ми се допаѓа."

,,Убаво е, меѓутоа тоа е кумановска „култура“,ништо друго. Ги кршат. Џабе што луѓето прават. Џабе. емаме култура. Вака во Европа не се оди."

Велат кумановци, од една страна поздравувајќи ги сите новоизградени и стари реконструирани објекти,од друга страна пак разочарани од однесувањето на оние кои не знаат да го почитуваат изграденото. Локалната самоуправа и комуналното претпријатие „Водовод“ нема да се откажат од градење,од вложување средства, кои се има впечаток често се фрлаат во празно.За да се искоренат лошите навики на уништувачите на имотот по се изгледа ќе треба да се преземаат поригорозни мерки. Или како што велат кумановци само со воведување парични казни можеби ќе се смени и менаталниот склоп на предиспонираните вандали.