Вработени во Британската амбасада во Иран задржани во полиција

Осуммина вработени во Британската амбасада во Иран се задржани во полиција поради сомнение за нивна инволвираност во организацијата на протестите по претседателските избори во земјата. Иранската новинска агенција Фарс јави дека осуммината иранци кои биле вработени во британската амбасада „играле активна улога“ во организацијата на протестите, не наведувајки го изворот на тврдењето.