БИХ без визи во ЕУ за една година?

Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко, изјави денеска во Брисел дека е рано да се заборува за членство на таа земја во Европската Унија, но оти визите за граѓаните на Босна би можеле да бидат укинати во јули наредната година. Тој оцени дека е трагично што повеќето млади од Босна и Херцеговина никогаш не биле во странство.