Иран - тензиите продолжуваат

Iran -- Supporters of defeated presidential candidate Mir Hussain Musavi at a silent protest in Tehran, undated

Иран ја одби поканата да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Ге – 8 во Рим поради тензиите со западните земји околу насилството врз демонстрантите во земјата. Поканата за Иран беше подржана од Соединетите Држави кои сакаа да го вклучат Техеран во дискусиите за стабилизација на иранскиот сосед Авганистан. Во меѓувреме, Ајатолахот Али Хаменеи изјави вчера дека нема да има промени во изборните резултати, според кои победник на претседателските избори е Махмуд Ахмадинеџат. Опозицијата протестираше и вчера и ,според сведоци, полицијата употребила гас за да ги растера протестите. Иранската добитничка на Нобеловата награда за мир Ширин Ебади по средбата со Претседателот на Европскиот Парламент Ханс Герт Потеринг побара реакција од светот и помош за демонстртантите
Нобеловката Ширин Ебади

,,Доколку иранската влада продолжува да ги апси луѓето кои се повредени од нивните куршуми и лежат во болнички кревети тогаш странските амбасади треба да ги отворат вратите за повредените со цел да ги заштита од апсење,,.

Ширин Ебади изјави дека побарала од генералниот секретар на Обединетите Нации Банк Ки Мун и од Европскиот Парламент да испратат специјални преставници во Иран. Во меѓувреме денеска се огласи и иранскиот дисидент Големиот Ајатолах Хосеин Али Монтазери. Тој предупреди дека гушењето на протестите може да ги поткопа основите на владата без разлика на нејзината моќ. На веб страната на иранскиот опозиционен лидер Мирхосеин Мусави пак пишува дека по вчерашниот состанок со него се затворени извесен број универзитетски професори. Според Мусави, 70 од присутните професори на состанокот биле по средбата уапсени. Ова не може да биде потврдено од независни извори. Според извори на реформистите, по изборите на 12 Јуни, уапсени се стотоци про реформистички активисти.