Грча радикална група се заканува на политичари и новинари

Грчката радикална левичарска група „Секта на револуционерите“ денеска преку медиумите се закани дека ќе врши напади врз политичари и новинари. Во писмото од девет страници испратено до весникот „Та неа“, „Сектата на револуционерите“ ја презема и одговорноста за минатонеделното убиство на полицаецот во Атина, додека обезбедувал една жена која требала да сведочи против друга криминална група.