На неутрален терен, во Валона, претседателите на Македонија и Косово Ѓорѓе Иванов и Фатмир Сејдиу разменија тонови на помирување. Аналитичарите очекуваат тоа набрзо да резултира и со повисок степен на воспоставени односи
Македонскиот и косовскиот претседател, Горѓе Иванов и Фатмир Сејдиу на неутрален терен, во Валона си разменија тонови на помирување констатирајќи дека недоразбирањата кои минатиот месец се случија во односите меѓу нив се надминати. Овој дух на пријателство којшто очигледно е создаден, професорот Димитар Мирчев којшто е и советник во кабинетот на Иванов се надева дека ќе резултира и со повисоко ниво на воспостваненост на односите.
„Очигледно е дека се воспоставени лични пријателски односи меѓу двајцата претседатели. Така што се надевам дека тоа многу брзо ќе резултира и со повисок степен на воспоставеност на односите,“
вели Мирчев којшто досегашното одолговлекување го објаснува повеќе со органиузациски, статусни, технички причини отколку со некои други. Од кабинетот на македонскиот претседател во контекст на средбата во Албанија потсетуваат и дека македонскиот претседател од самиот почеток најавил дека се залага за што поскоро воспоставување дипломатски односи со Косово и дека ќе инвестира во регионалната соработка па оттаму и реализирањето на ваквите регионални средби. Средбата со косовскиот претседател е во насока на надминување на какви и да е отворени прашања меѓу двете земји па и на ова сеуште отворено прашање-вопоставување дипломатски односи, велат оттаму.
Средбата во Валона е доказ дека двете земји се заинтересирани за добрососедска соработка вели аналитичарот Махи Несими. Невоспоставувањетио на дипломатски односи им штети на двете земји , пред се во економска смисла.
„Во преден план, тоа се однесува на економската соработка, на потпишување на разни спогодби, договори итн.“
вели Несими. Освен од еконосмки аспект добрите односи се од голежа политичка ваѓност поради професионалните и лични врските на голем дел од населението во двете земји вели Никола сталевски од ЦРП. Тој претпоставува дека во Официјаллизирањето на тие односи ќе игра важна улога регионалниот пристап и дека ќе се прави во добра координација пред се со Црна Гора.
„Има повеќе регионални средби на којшто учествуваат и црногорскиот и македонскиот претседател. Тоа значи дека се работи на некоја заедничка акција и дејство што ќе се преземе.“
Иванов претсојува во Албанија на неформална средба со своите колеги од Албанија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ. Билатералните односи и регионалната соработка се најавени како тема на средбите.
Очигледно е дека се воспоставени лични пријателски односи меѓу двајцата претседатели. Така што се надевам дека тоа многу брзо ќе резултира и со повисок степен на воспоставеност на односите
„Очигледно е дека се воспоставени лични пријателски односи меѓу двајцата претседатели. Така што се надевам дека тоа многу брзо ќе резултира и со повисок степен на воспоставеност на односите,“
вели Мирчев којшто досегашното одолговлекување го објаснува повеќе со органиузациски, статусни, технички причини отколку со некои други. Од кабинетот на македонскиот претседател во контекст на средбата во Албанија потсетуваат и дека македонскиот претседател од самиот почеток најавил дека се залага за што поскоро воспоставување дипломатски односи со Косово и дека ќе инвестира во регионалната соработка па оттаму и реализирањето на ваквите регионални средби. Средбата со косовскиот претседател е во насока на надминување на какви и да е отворени прашања меѓу двете земји па и на ова сеуште отворено прашање-вопоставување дипломатски односи, велат оттаму.
Средбата во Валона е доказ дека двете земји се заинтересирани за добрососедска соработка вели аналитичарот Махи Несими. Невоспоставувањетио на дипломатски односи им штети на двете земји , пред се во економска смисла.
Има повеќе регионални средби на којшто учествуваат и црногорскиот и македонскиот претседател. Тоа значи дека се работи на некоја заедничка акција и дејство што ќе се преземе