На Иран, Западот му е виновен за нередите дома

По претседателските избори во Иран на 12-ти јуни, се случија најмасовни улични демонстрации во земјата во последните 30 години. Стотици илјади иранци, кои го подржуваат опозициониот реформист Мир Хосеин Мусави, излегоа на улиците на повеќе ирански градови, обвинувајки ги властите за нерегуларности на изборите. Властите одговорија со употреба на сила против демонстрантите, при што повеќе луѓе настрадаа, а стотици се уапсени. Оние што протестираа се оквалификувани како терористи и насилници, а како поттикнувач е посочен Западот. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Хасан Кашкави изјави:

Повеќето од европските земји и Америка, декларативно ги подржуваат луѓето да користат демократски начини и законски средства за протестирање, но генерално ги подржуваат бунтовниците и опортунистите.
Iran -- Women come to the aid of a man being beaten during election protests.


И врховниот верски лидер Ајатолахот Али Хаменеи во петокот го посочи Западот како инспиратор на протестите во Иран. Властите во Техеран ги обвинија и странските медиуми за нередите. На постојаниот дописник на Би Би Си му е наредено да ја напушти земјата, а еден дописник на Њусвик е уапсен и за него не се знае ништо. Британскиот шеф на дипломатијата Дејвид Милибанд изајви дека обидот, несогласувањата меѓу иранците околу изборните резултати да се претворат во битка меѓу Иран и другите земји, е неоснован. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сите дилеми околу победникот би биле отстранети доколу претседателските избори бидат повторени во присуство на меѓународни посматрачи. Шведскиот шеф на дипломатијата Карл Билт исто така ги отфрли обвинувањата на официјален Техеран.
Употребата на груба сила против мирни демонстранти, не може да биде толерирано.

Ние ги повикавме влатите во Иран да ги расчистат прашањата, кои се очигледно присутни, во врска со изборните резултати. Ние не судиме. Но, мора да се почитува правото, кое е и во иранскиот Устав, на мирни демонстрации. И секако употребата на груба сила против мирни демонстранти, не може да биде толерирано.

Инаку, и иранската надлежна изборна комисија потврди дека во некои места имало нерегуларности, но оти станувало збор само за 3 милиони гласови, кои не влијаеле врз конечниот исход.