Иран поканет на самитот Г8

Италијанскиот Министер за надворешни работи Франко Фратини изјави дека Иран има рок до попладнево да одговори на поканата за присуство на самиотот Г8 кој се одржува од четврток до сабота. Од Иран се очекува да придонесе кон стабилизирање на односите меѓу Пакистан и Авганистан. Фратини исто така испрати апел до иранските власти да ги смират тензиите во земјата кои настанаа по претседателските избори.