Денеска во Љубљана официјално ќе биде отворен Словенечко-Македонскиот деловен клуб, чие основачко собрание се одржа минатата среда. Бизнис клубот е формиран на иницијатива на владите на Република Македонија и Република Словенија со цел интензивирање и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Во него засега членуваат околу 60 компании.