Зголемен бројот на жртвите од вчерашниот бомбашки напад во Ирак

Бројот на загинати во вчерашниот бомбашки напад во Ирак се искачи на 80 лица, соопштија полициски извори. Експлозијата, која се случи во Киркук, во северниот дел на земјата, била предизвикана од бомба скриена во камион, пакркиран во близина на џамија. Во експлозијата се повредени 211 лица а оштетени се и 50 згради. Странските медиуми го опишуваат настанот како еден од најекстремните бомбашки напади кои се случиле во Ирак од почетокот на годинава, во услови кога американската војска во земјата има рок да се повлече до крајот на месецов.