Експлозија во Грузија

Еднен припадник на мониторинг мисијата на Европската Унија загина денеска во експлозија во Грузија а еден е повреден. Експлозијата настанала на грузиската граница со сепаратистичкиот абхазиски регион. Портпарол на ЕУ потврди дека загинатиот бил возач а повредениот е доктор. За сега не се познати причините за експлозијата.