Непријателот нема да не уништи

Иранскиот Ајатолах Али Хаменеи

Иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи изјави дека Претседателот Махмуд Ахмадинеџат е дефинитивен победник на претседателските избори, бидејки добил 25,4 милиони гласови од околу 40 милиони гласачи. Хаменеи порача дека немало нерегуларности на изборите.

Ајатолахот и повика на крај на уличните протести на опозицијата која бара прегласување.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Khamenei's speech June 19



Борбите на улиците по изборите не се вистинкото нешто што треба да се прави – тоа е против принципите на демократијата и изборите. Јас барам тоа да биде сопрено. Тоа е погрешно. Ако тие не престанат – ке бидат одговорни за последиците на хаосот.
Уличните протести да сопрат. Тоа е погрешно. Ако не престанат - тие ке бидат одговорни за хаосот

Ајатолахот Хаменеи, кој како врховен ирански лидер го има последниот збор во земјата им се обрати на граѓаните за време на денешната петочна молитва, а потоа зборуваше и во Техеранскиот Универзитет. Тој изјави дека изборите покажале дека луѓето имаат доверба во исламскиот систем и оти непријателите на Иран сакале да и наштетат на земјата доведувајки го во прашање гласањето.

Не му дозволувајте на непријателот да ни ја уништи прославата. Секако, доколку некои луѓе избрале различен пат, јас ке се вратам и ке му зборувам на мојот народ јасно и гласно.