Во Битола продолжуваат архелошките истражувања по најголемата средновековна црква во градот. Досегашните наоди говорот дека остатоците од црквата се кријат во темелите на познатата Јени Џамија.
Продолжува потрагата на битолските археолози по најголемата средовековна црква во градот Свети Ѓорги, која се наоѓала во центарот на Битола и според преданијата била украсена со потковиците од коњот на светцот. Досегашните наоди говорат дека остатоците од црквата се кријат во темелите на познатата Јени Џамија, која во 14 век се смета дека била изградена врз урнат христијански храм. Ископувањата во подот на џамијата битолскиот Завод и музеј ги започна пред пет години, со финансиска подршка од Министерството за култура. Во рамки на досегашните ископувања пронајдени се темели на четири црковни објекти, од кои настариот е датиран од 11 век, кога тука живеел Гаврило Радомир, син на царот Самуил, крунисан во Битола, а местото било епископски центар.
Средновековна црква во Битола,,Од движни наоди имаме икона инкулпион, на градите ги носел некој првосвештеник, исто пронајдени се два печати за писма од преписката која се водела во 11 век и има индиции за едниот печат на кој е претставата на Свети Ѓорги, дека можно е да се одвивала меѓу следбениците или на Гаврило Радомир или на Јовен Владислав. Тоа би значело дека во 10, 11 век овој простор бил епископско седиште и дека продолжил да живее и понатаму по пропаста на Самуиловата држава."
вели археологот Гордана Филиповска Лазаревска.
Откако ќе се доископа целиот под во џамијата, истражувањата ќе се пренесат од надвор, во околината на објектот.
,,Да се доистражат сите објекти, подоцна да се конзервираат, да се направи челична конструкција и стаклен под, со успешно проектирана и промислена илуминација би се осветлиле тие објекти кои се навистина вредни да се видат. Понатаму, се предвидува овој објект по теркот на Аја Софија во Истанбул да биде музеј на христијанската и исламската уметност и архитектура каде на еден волшебен начин се спојуваат тие две цивилизации и култури."
вели директорот на битолскиот Завод и музеј, Зоран Николовски.
Единаесет години наназад пред битолските судови Исламската заедница водеше спор со државата за докажување на сопственоста на Јени Џамија. Николовски вели дека случајот конечно добил разрешница- објектот останува во државна сопственост и во иднина ќе ја зачува функцијата на уметничка галерија.
Да се доистражат сите објекти, подоцна да се конзервираат... Понатаму, се предвидува овој објект по теркот на Аја Софија во Истанбул да биде музеј на христијанската и исламската уметност и архитектура