Украина бара пари за откуп на руски гас

Украинската државна компанија „Нафтогас“ соопшти дека европските фирми можат да купуваат руски гас од Украина. Украинскиот премиер Јулија Тимушченко претходно изјави дека на земјата и` е потребен заем од 4 милијарди американски долари за откуп на руски гас, додавајки дека државата ќе ги побара парите од европските банки. „Нафтогас“, од друга страна, вели дека за откуп на руски гас се потребни многу повеќе сретства - повеќе од 4 милијарди долари. Претставници на фирмата изјавија дека државата нема да мора да бара заем, доколку европските компании се заинтересирани за откуп гас.