Преку ИПА програмата на ЕУ, обезбедени се средства за изградба на нов Дом за стари лица во Битола. Старите лица од овој град досега живееа во многу тешки услови во домот Сју Рајдер.
Со европски пари од темел ќе се реконструира домот за стари лица Сју Рајдер во Битола. На местото од двете бараки стари 40 години, со триесетина соби во кои старците беа сместени по четворица во 9 квадратни метри, ќе се подигне современо згрижувалиште изградено по европски стандарди. Средствата се обезбедени преку ИПА програмата на Европската унија, каде битолската општина конкурираше со свој прокет за осовременување на страрскиот дом. Ова беше прв оглас за искористување на средства од овој фонд, а конкурираа општини од државата со 32 прокети. Социјалниот прокет понуден од Битола беше рангиран на прво место и ќе добие 600 000 евра за реализација.
,,Проектот се однесува на потполно осовременување, зголемување на капацитетите, старите луѓе од нашата општина ќе ги имаат сите Европски услови, по стандардот на европските земји. И општината треба да партиципира со свои средства, впрочем како што тоа го направивме со прокетите за прекугранична соработка. Овој пат општината треба да партиципира со 35 илјади евра и ние тоа ќе го направиме."
вели градоначалникот Владимир Талески.
Условите во кои години наназад живееја штитениците во домот беа лоши. Одајчињата тесни да нема каде да се постави шкаф за облека, се користеа заеднички тоалети, една просторија за телевизија итн.
,,Домот не е од тврда градба, тоа е барака, која апсолутно не одговара на безбедносни услови. Од азбестни плочи е покривот, инсталацијата е апсолутно стара, внатрешните ѕидови не се од градежен материјал, туку од шпер плоча, која за 40 години примила секаква миризма и не е средина со пристојни услови за живеење-."
вели Емилија Геровска, еден од координаторите на прокетот.
Со реконструкцијата Домот ќе добие 62 соби, во кои ќе можат да се сместат 160 стари лица. Собите по големина ќе бидат од 17 до 24 метри квадратни, што е европски стандард.
,,Собите ќе бидат дво или тро креветни, секоја со засебно капатило, со занимални кои ќе бидат комплетно опремени со секакви логистички средства, телевизори, телефони итн., а да не зборувам за системот за греење, ладење, вентилација, изолација, се ќе биде направено по европски стандарди."
додава Геровска.
Домот планирано е да се обнови за 12 месеци. Додека траат градежните работи, старците ќе бидат сместени во болницата и туристичкиот комплекс во Ниже поле. Ова е трет прокет кој за година дена општината го реализира со пари од европските фодови. Претходно беше обновен транзитниот пат М5 и се спроведе едукација за пограничен туристички развој.